КУПУВАЊЕ
На почетната страница можете да ги погледнете сите категории на производи, кои во моментот се на располагање на онлајн продавницата. Исто така, може и директно да изберете ПРОДАВНИЦА за да ги видите сите производи во онлајн продавницата.
Доколку изберете категорија, се отвора преглед на сите производи во категоријата.
Прикажаните цени на сите производи се со вклучен ДДВ (18%).
Откога ќе изберете производ, потребно е да изберете и величина и количина за истиот, и да ги додадете во КОШНИЦА. Во кошницата имате можност да внесете купон код за попуст или пак да продолжите директно кон наплата.
Исто така, имате можност и да се регистрирате како корисник, за полесно пополнување на информациите при вашето следно купување.
Во делот ДЕТАЛИ ЗА НАПЛАТА потребно е да ги внесете задолжителните податоци и да изберете опција за наплата. Плаќањето може да биде со картичка (Visa, Mastercard/Maestro).
По комплетирањето на нарачката ќе добиете e-мејл за потврда.
ЗАМЕНА И ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Нашата полиса за враќање производи трае 15 дена. Ако поминат 15 дена од вашата нарачка, за жал, не можеме да прифатиме враќање на средствата или замена.
Затоа што сите принтови се печатат по ваша нарачка, за жал, не можеме да прифатиме враќање на средствата или замена доколку сте направиле грешка во изборот на големина или ако сте се предомислиле во својата одлука. Затоа ве молиме внимателно да избирате. Доколку принтот сеуште не е влезен во процесот за печатење, тогаш обично во рок од 1 час по нарачката, ќе можете да ја откажете или да ја промените вашата нарачка. За откажување или промена на вашата нарачка, ве молиме контактирајте не на hello@mios.mk
За да ви се прифати враќањето на производот, производот/ите мора/ат да бидат неотворени/неупотребени и во истата состојба како што сте го примиле. Принтот мора да биде запакуван во оригиналното пакување.
Можете да го вратите производот со курирска служба по ваш избор.
Штом пратката пристигне, ќе добиете известување по електронска пошта. Ако се утврди дека производот е оштетен или употребен, барањето за замена или враќање ќе биде одбиено и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Доколку производот е оштетен при испраќањето, ве молиме направете снимка/слика на оштетеното пакување и испратете ни порака на hello@mios.mk, и ќе добиете организирано бесплатно заменување што е можно побрзо. Ако е отпечатен погрешно, исто така ќе ви испратиме бесплатно замена на производот.
