
Запознај ја Елена Aневска Спироска, мајка на Олег и Миха, илустратор и основач на Mios.
Уште во 2002 година, потребата за изразување на креативноста, развивањето на чувството за естетика и пасијата за дизајн започнува во Кардиф, каде што студира внатрешна архитектура на University of Wales Institute, а по дипломирањето завршува курс по внатрешна декорација на Chelsea College of Arts во Лондон.
Се враќа во родниот град Скопје и 13 години работи како проектен менаџер во областа на архитектура, за неодaмна целосно да ја насочи креативноста кон создавањето на шарениот свет на Миос—дизајнирање на уникатни принтови кои ги оживуваат ѕидовите во детските соби.
Колекциите се инспирирани од тоа како децата гледаат на светот, будејќи ја нивната имагинација, љубопитност и чиста среќа, без разлика дали тоа е претставено преку животните, буквите од азбуката или најразличните форми. Овие шарени принтови не само што ќе го разубават и развеселат просторот на вашите деца, тие ќе го разбудат и одржуваат детето во тебе.
